Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2016

Роналдо: Најуспешна сезона во кариерата

Португалскиот репрезентативец и ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо изјави дека сезоната 2015/16 му е најуспешна во кариерата и нагласи дека не е опседнат со освојувањето на Златната топка.

Роналдо оваа сезона се искачи на врвот на Европа со Реал Мадрид и со репрезентацијата на Португалија, откако во финалето во Лигата на шампионите го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид по пеналите, додека со Португалија во финалниот натпревар на овогодинешното Европско првенство го совлада домаќинот, Франција со 1-0 и стигна до првиот трофеј во историјата.
„Ова е најдобрата година во мојот живот што се однесува на трофеите. Освоив две големи натпреварувања и навистина сум пресреќен. Горд сум на репрезентацијата и на Реал Мадрид, а чувството е навистина одлично. Дали се надевам на освојувањето на Златната топка? Никогаш не очекувам индивидуални трофеи. Тоа не се работи со кои сум опседнат. Секако дека имам шанса оваа година, бидејќи освоив два големи трофеја“, изјави португалскиот ас за „Марка“.
Роналдо до сега освои три Златни топки, а зад себе има одлична голгетерска сезона бидејќи постигна 35 погодоци во Примера, рекордни 16 во Лигата на шампионите и три на ЕВРО во Франција.
Минатата година наградата ја освои најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.

Најнови вести