25.7.2016 Ништо од дуелот меѓу Мурињо и Гвардиола во Пекинг
Пријателскиот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити планиран за денес во Пекинг е откажан поради невреме.
Новиот дуел меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола сепак ќе мора да почека до 10-ти септември и дербито во Премиер лигата на „Олд Трафорд“.
Јунајтед пред неколку дена беше убедливо поразен од Борусија Дортмунд во Шангај со 4-1, а следниот натпревар ќе го одигра против Галатасарај во Гетеборг на 30-ти јули.
Кон почетокот на август „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со Евертон на почесниот натпревар на Вејн Руни на „Гудисон парк“, по што ги очекува и Комјунити шилд со Лестер на 7-ми август, пред почетокот на Премиер лигата и гостувањето на Борнмут на 14-ти.