Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

Партизан остана без тренер

Челните луѓе на српскиот вицешампион го потврдија заминувањето на Иван Томиќ кој поднесе оставка по вчерашниот пораз во Крушевац.

„Томиќ поднесе оставка која клубот ја прифати. Навивачите бараа тој да замине и сè е направено во договор на трите страни. Следните денови ќе биде познат новиот тренер, засега ништо не се знае“, изјави директорот на Партизан Милош Вазура.
Како потенцијални кандидати за наследник на Томиќ се спомнуваат Марко Николиќ, Владимир Вермезовиќ и Радован Чурчиќ.
Партизан нема победа на првите четири натпревари во сезоната, по трите ремија без голови, два со полскиот Заглембје од кого е елиминиран на стартот на настапите во Лигата на Европа, следеше пораз од Напредак од 2-1.
Томиќ го презема тимот минатата зима по смената на Љубинко Друловиќ кој не успеа да го внесе клубот во втората фаза на Лигата на Европа, а заостануваше од шампионот Црвена звезда 30 бодови во српскиот шампионат.
Во меѓувреме го освои Купот на Србија и стигна до второто место во првенството.

Најнови вести