Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2016

Свонси купува од Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Борха Гонзалес Бастон ќе потпише четиригодишен договор со англискиот премиерлигаш Свонси вреден 18 милиони евра, пренесоа шпанските медиуми.

Управите на Свонси и Атлетико Мадрид се договориле за трансферот на Бастон, а дваесет и тригодишниот фудбалер е на лекарски прегледи во Кардиф.
Велшкиот клуб ќе плати 18 милиони евра за напаѓачот што е рекорден трансфер на клубот.
Бастон кариерата ја почна во Атлетико, но главно играше како позајмен фудбалер во Мурсија, Ла Коруња, Сарагоса и минатата сезона во Еибар.

Најнови вести