Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Мане се повреди на тренинг

Фудбалерот на Ливерпул Садио Мане го повреди рамото на утринскиот тренинг во средата, пренесува „ББЦ“.

Се шпекулира дека Мане го изместил рамото и дека ќе мора да направи пауза од неколку седмици.
Тоа би можело да биде можност за српскиот репрезентативец Лазар Марковиќ кој исто како Мане е крилен напаѓач.
Мане ова лето пристигна од Саутхемптон на „Енфилд“ за 30 милиони фунти, а дебитираше со феноменален гол во победата над Арсенал со 4-3 на самиот почеток на сезоната во Премиер лигата.
Ливерпул претстојниот викенд повторно гостува но овој пат кај повратникот во елитата Барнли.

Најнови вести