Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Вест хем четири месеци без Ају

Напаѓачот на Вест хем Андре Ају ќе паузира четири месеци поради повреда на бутниот мускул.

Ају се повреди на стартот на новата сезона во Премиер лигата во 35-тата минута на премиерниот натпревар со Челзи.
„Ају го повреди квадицепсот и ќе му биде потребна хируршка интервенција. Тој ќе отсуствува од теренот четири месеци. Среќно, Андре“, потврди претседателот на „чеканите“, Дејвид Голд.
Вест хем ова лето го доведе Ају од Свонси за рекордни 25 милиони евра, а на отворањето на Премиер лигата беше поразен на „Стемфорд бриџ“ со 2-1.
„Чеканите“ во недела ќе го пречекаат Борнмут во второто коло од Премиер лигата.
Тоа ќе биде деби настап на Вест хем на Олимпискиот стадион, на кој се преселија по 112 години на „Аптон парк“.

Најнови вести