Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Реал Мадрид сигурен на премиерата, кикс на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Реал Сосиедад во гости со 3-0 во првото коло на шпанското првенство.

Претходно, Спортинг од Хихон го совлада Атлетик Билбао со 2-1, а во последниот натпревар од денот Атлетико Мадрид и Алавес одиграа 1-1.
Победата на Реал му ја донесоа Бејл во втората и во 94-тата минута и Асенсио во 40-тата минута.
Сè беше решено уште во првото полувреме. Само по две минути игра, во стрелците се запиша Герет Бејл. Карвахал прими втора топка на десната страна и центрираше кон Велшанецот, кој беше на 11 метри меѓу двајца противнички играчи, убаво скокна и со глава постигна погодок.
На пет минути пред крајот на првото полувреме екипата на Зинедин Зидан ја дуплира предноста. Овој пат Варан ја испрати топката речиси преку целиот терен кај осамениот Асенсио, тој тргна кон голот и ја испрати топката во мрежата на чуварот кој беше премногу излезен.
Конечниот резултат го постави Бејл, кој експресно го истрча контранападот, голманот излезе еден на еден, Велшанецот го одмина и ја затресе празната мрежа.

Примера, прво коло:
недела:
Спортинг – Билбао 2-1
Чоп 50, Родригес 53 – Вихера 86
Реал Сосиедад – Реал Мадрид 0-3
Бејл 2, 94, Асенсио 40
Атлетико Мадрид – Алавес 1-1
Гамеиро 90 - Ману Гарсија 90
сабота:
Барселона – Бетис, 6-2
Гранада – Вилјареал 1-1
Севилја – Еспањол 6-4
петок:
Малага – Осасуна 1-1
Ла Коруња – Еибар 2-1
понеделник:
Селта – Легањес
Валенсија, Лас Палмас

 

Најнови вести