Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Кавани: Никогаш не би постапил како Игуаин

Единсон Кавани, фудбалерот на ПСЖ, изјави дека ја почитува одлуката на Гонзало Игуаин да направи трансфер во Јувентус, но додаде дека тој никогаш не би го направил тоа.

Одлуката Игуаин да го напушти Наполи и да направи трансфер во Јувентус предизвика бројни реакции. Неколку фудбалери јавно го критикуваа Аргентинецот, посебно Диего Марадона.
Кавани, кој играше за Наполи пред заминувањето во ПСЖ, исто така не ја поддржува таа одлука.
„Секој донесува одлуки за кои мисли дека се најдобри. Не знам што да ви речам друго освен дека јас никогаш не би го направил тоа“, изјави Кавани за италијанските медиуми.

Најнови вести