Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Клоп: Едвај го чекам крајот на преодниот рок

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека тешко се навикнува на англиските медиуми и дека е фрустриран од шпекулациите за можни трансфери.

Германецот од доаѓањето на „Енфилд роуд“ минатата година во тимот доведе седуммина играчи, но константно се шпекулира за нови засилувања.
„Едвај го чекам крајот на преодниот рок. Не можам да верувам колку се опседнати медиумите со тоа. Ниту на момент не веруваат во подобрување преку тренинг. Не знам што ќе биде, немам приоритетна позиција на која барам играчи“, изјави Клоп.
Ливерпул на стартот на сезоната во Премиер лигата одигра фантастично и го совлада Арсенал со 4-3 во Лондон, а потоа целосно потфрли и изгуби од повратникот во елитата Барнли со 2-0, исто така во гости.
И во третото коло во низа Ливерпул ќе гостува, повторно во Лондон во сабота, кај уште еден конкурент во борбата за Лигата на шампионите, Тотенхем, но пред тоа игра со Бартон во Лига купот, исто така во гости вечерва.

Најнови вести