Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Игуаин: Вие само зборувајте дека сум дебел...

Трансферот на аргентинскиот центарфор Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус за 94 милиони евра беше една од главните теми на овогодишниот преоден рок.

Покрај трансферот на Пипито во редовите на „старата дама“, во иста мера се зборуваше и за неговата состојба кога се појави на првиот тренинг во Торино – со евидентен вишок килограми.
„Кажуваат дека сум дебел? Најмногу сакам да продолжат да го повторуваат тоа бидејќи тогаш на секој натпревар ќе постигнам гол“, изјави Игуаин.
Поранешниот центарфор на Реал Мадрид веќе постигна погодок на дебито, кога на навивачите на „Јувентус Арената“ им донесе голема радост со победоносниот погодок во финишот на средбата со Фиорентина (2-1).
„Зборувајте што сакате за мојот физички изглед, но јас се чувствувам многу добро и воодушевен сум од својот прв гол, кој го одлучи натпреварот. Тренирам со полн интензитет дваесетина дена и знам дека можам да бидам уште во подобра форма... Сепак, никогаш не се сомневам во себеси“, додаде Игуаин.

Најнови вести