Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Алардајс го враќа Тери во репрезентацијата

Сем Алардајс, селекторот на Англија, изјави дека би можело да разговара со Џон Тери за враќање во државниот тим, но дека тука би можело да има политички прашања.

Капитенот на Челзи се повлече од државниот тим во септември 2012 година, четири дена пред Фудбалскиот сојуз да го суспендира на четири натпревари поради неспортско однесување на натпреварот со Квинс парк ренџерс.
На прашањето дали би размислил за тоа да го повика Тери во репрезентацијата, Алардајс изјави дека не знае дали тука би имало политички прашања, мислејќи на односот на Тери со Сојузот.
„Не знам што би можело да значи тоа, ако и постојат политички прашања. Ќе разговарам со Тери ако помислам дека би можело да влезе во конкуренција за тимот. Мислам дека сè зависи од тоа што ќе каже Џон. Можеби ќе го повикам, ако би имал шанса, но ќе мораме да почекаме и да видиме каква селекција на играчи ќе направам“, изјави Алардајс за британските медиуми.
Алардајс во недела ќе го соопшти списокот на играчи за натпреварот со Словачка на четврти септември во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
Тоа ќе биде негов прв натпревар на клупата на Англија откако го замени Рој Хоџсон, кој поднесе оставка по елиминацијата на екипата од Европското првенство во Франција од Исланд во осминафиналето.

Најнови вести