Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Челзи со победа над Бристол, Ливерпул лесно до 5-0

Фудбалерите на Челзи, Ливерпул, Евертон, Норвич, Стоук изборија пласман во третото коло на англискиот Лига куп.

Челзи ја испушти предноста од три гола, но го совлада Бристол роверс со 3-2, со двата гола на Миши Батшуаји во првото полувреме и еден на Мозес.
Ливерпул го декласираше Бартон со 5-0 во гости, со двата гола на Даниел Стариџ. Коне беше двократен стрелец во триумфот на Евертон над Јеовил со 4-0, како и Адам Дијаманде за 3-1 на Хал кај Ексетер. Двапати мрежата ја затресе и Ајосе Перес во победата на Њукасл над Челтенам од 2-0.
Норвич го декласираше Ковентри со 6-1, Свонси за едно полувреме го реши гостувањето кај Питерборо за конечни 3-1, Сандро сервираше за победа на Квинс парк ренџерс над Рочдејл од 2-1, додека Стоук беше убедлив во Стивенејџ со 4-0, со хет-трикот на Питер Крауч.
Нотингам форест во завршницата на натпреварот славеше со 2-1 против Милвол во Лондон. Меѓу останатите се пласираа и: Кристал палас, Лидс, Брајтон, Престон, Вулверхемптон...

 

Најнови вести