Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Бејл продолжува со Реал до 2021 година

Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Велшанецот во Реал стигна во 2013 година од Тотенхем во, до ова лето, рекорден трансфер од 100 милиони евра и со мадриѓаните два пати ја освои Лигата на шампионите.
Неговиот првобитен договор истекуваше во 2019 година, но според пишувањата на „Марка“, во новиот добил покачување според кое ќе заработува исто како Серхио Рамос (околу десет милиони евра годишно), но и понатаму помалку од Кристијано Роналдо.
Бејл на 124 натпревари за Реал постигна 60 голови, а мината даде 19, сите во Премиер лигата.
Реал Мадрид зад себе има зачудувачки мирно лето во кое стигна само Алваро Мората, кој практично се врати во клубот по двете години поминати во Јувентус.
Што е уште почудно, ретко и се шпекулира за потенцијални засилувања во актуелниот шампион на Европа, а медиумите сметаат дека причина за тоа е необичната финансиска ситуација во клубот.

Најнови вести