Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Лудогорец во Лигата на шампионите, Порто ја исфрли Рома!

Фудбалерите на Лудогорец се пласираа во Лигата на шампионите откако во реваншот на плејофот одиграа нерешено со чешката Викторија П’лзењ во гости 2-2.

Бугарскиот шампион понатаму се пласира со вкупен резултат 4-2, по победата од 2-0 во првиот натпревар.
Чешкиот претставник одлично го отвори натпреварот, па уште во седмата минута поведе со голот на Дуриш. Но, воиграната бугарска екипа не падна, а брзо изедначување донесе Вура во 17-тата минута.
Во продолжението на натпреварот домаќинот се обидуваше на сите начини, но му беа потребни уште три гола за пласман. Во 64-тата минута Матеју погоди за 2-1, но тоа беше сè, бидејќи Лудогорец се одбрани, во 96-тата минута изедначи и втор пат ќе игра во Лигата на шампионите во последните три години.
Во дербито на плејофот Порто по 1-1 на свој терен, ја совлада Рома во Рим со 2-0, а голема помош гостите добија од капитенот на домаќинот, Даниеле де Роси.
Гостите од Португалија поведоа во осмата минута со голот на Монтеиро, кому му асистираше Октавио, а потоа во 39-тата минута Де Роси направи глупост, прегрубо стартуваше и беше исклучен.
Рома некако се држеше со играч помалку, имаше и неколку шанси да изедначи, но со двајца играчи помалку не можеше. Во 50-тата минута Емерсон направи нешто слично како и Де Роси, па фудбалерите од Рим до крајот играа со деветмина. Искусниот Порто го искористи тоа. Во 73-тата минута погоди Лајун, а две минути подоцна и Корона.
Реваншот некако го преживеа Селтик на Брендан Роџерс против Хапоел Бер Шева. По спектакуларниот натпревар во Шкотска, кога Селтик водеше со 3-0, Израелците стигнаа до 3-2, а домаќинот славеше со 5-2, во реваншот беше многу интересно.
Домашниот тим водеше уште во 48-мата минута со 2-0 со головите на Сахар и Хобан, но Селтик до крајот успеа да се одбрани и сепак да се пласира во Лигата на шампионите.
Во групната фаза е и Монако, кој против Вилјареал најголемиот дел од работата го одработи во Шпанија, кога славеше со 2-1. Во реваншот домаќинот победи со 1-0, со голот од пеналот кој го искористи Фабињо во 90-тата минута.
Полската Легија ремизираше 1-1 во реваншот со ирскиот Дандалк, па понатаму се пласира со вкупен резултат 3-1 по победата во првиот натпревар.
Лига на шампиони, реванши на плејофот:

Рома (Италија) – Порто (Португалија) 0-3 (прв натпревар 1-1)
Хапоел Бер Шева (Израел) – Селтик (Шкотска) 2-0 (2-5)
Легија (Полска) – Дандалк (Ирска) 1-1 (2-0)
Монако (Франција) – Вилјареал (Шпанија) 1-0 (2-1)
Викторија П’лзењ (Чешка) – Лудогорец (Бугарија) 2-2 (0-2)
Денес:
АПОЕЛ (Кипар) – Копенхаген (Данска) (0-1)
Ростов (Русија – Ајакс (Холандија) (1-1)
Манчестер сити (Англија) – Стеауа (Романија) (5-0)
Менхенгладбах (Германија) – Јанг бојс (Швајцарија) (3-1)
Салцбург (Австрија) – Динамо Загреб (Хрватска) (1-1)

 

Најнови вести