Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Марко Марин потпиша за Олимпијакос

Поранешниот германски репрезентативец Марко Марин е новиот фудбалер на Олимпијакос.

Марин, кој пред неколку години важеше за еден од најталентираните играчи за врска, изминатите четири сезони беше член на Челзи, но главно играше на заем за: Севилја, Фиорентина, Андерлехт и Трабзонспор.
Тој на „Стамфорд бриџ“ само шест пати доби шанса да игра во Премиер лигата, а постигна еден гол, против Виган во февруари 2013 година.
Марин има 27 години, игра на позициите плејмејкер и крилен напаѓач, а кариерата ја почна во Менхенгладбах во 2007 година.
За Германија постигна еден гол на 16 настапи, но последен пат дресот на „елфот“ го носеше во 2010 година.
Олимпијакос оваа сезона не избори настап во Лигата на шампионите, елиминиран е од израелскиот Хапоел Бер Шева во квалификациите, а се наоѓа на чекор од Лигата на Европа.
Во првиот натпревар од плејофот со 1-0 ја совлада Арока во Португалија, а реваншот во Пиреја е утревечер.

Најнови вести