Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Асприлја: Зидан не го почитува Родригес

Легендарниот колумбиски фудбалер Фаустино Асприлја изјави дека Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, би требало повеќе да го почитува Џејмс Родригес.

Колумбиецот дојде во Реал од Монако во 2014 година за 80 милиони евра, одигра многу добра прва сезона во која имаше 17 голови и 18 асистенции.
Во изминатата сезона не играше многу. Прво го повреди бутниот мускул, а потоа го изгуби местото во тимот кај Зинедин Зидан.
„Ако Џејмс денес не е во можност да го демонстрира својот квалитет, причината е што тренерот го нема во плановите. Многу малку минути му дава на теренот. Пуштете го да игра три, четири натпревари последователно. Ако игра лошо, тогаш испратете го во резервниот или во некој друг тим, но дајте му шанса. Кога дојде во Реал, Анчелоти му даде шанса и не е случајно што кај него играше одлично. Зборуваме за најдобриот стрелец на Мундијалот. За таков играч мора да постои трпение и почитување. Нема доверба Зидан, а потребно е и малку повеќе да го почитува“, изјави Асприлја.

Најнови вести