26.8.2016 Шкендија не успеа да направи сензација
На реванш-натпреварот во Скопје Гент славеше со 4-0 и со вкупен резултат од 4-1 ја елиминира Шкендија од Лигата на Европа.
Тетовскиот клуб не ја искористи историската шанса да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. На реваншот во Скопје македонскиот вицешампион претрпе тежок пораз од 4-0 од белгискиот состав. Гент на домашен терен славеше со 2-1 и со вкупен резултат од 6-1 успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.
Првиот дел од натпреварот на арената „Филип Втори“ заврши 0-0, а клучните моменти беа во вториот дел од средбата. Како и пред една седмица во Белгија, Кулибали беше играчот што ја направи разликата. Водечкиот гол Гент го постигна во 60-тата минута од натпреварот, а во 69-тата Калифа Кулибали по втор пат ја матираше одбраната на Шкендија. Во 81-вата резервниот играч Перберт погоди за 3-0, а во 86-тата минута Нето ја запечати убедливата победа на гостинот од Белгија.
Шкендија во првите три круга од квалификациите ги елиминираше Краковија, Нефчи и Млада Болеслав, но Гент беше нејзината последната пречка во плејофот, па тетовскиот клуб не успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.