Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2016

Роналдо е најдобриот фудбалер на Европа

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, е прогласен за најдобар играч на Европа во сезоната 2015/16.

Покрај него, во конкуренција беа уште и неговиот соиграч Герет Бејл и Антоан Гриезман, фудбалерот на Атлетико Мадрид.
„Ова беше неверојатна сезона. Не би било фер да не ги споменам овие двајца одлични играчи (Герет Бејл и Антоан Гриезман), и тие го заслужија трофејот бидејќи имаа одлична сезона“, изјави Португалецот.
Роналдо за најдобар фудбалер на Европа беше избран со гласовите на новинарите од 55-те земји-членки на УЕФА, а наградата му беше врачена по ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите.
Тој минатата сезона со Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите, а ова лето стана и европски шампион со репрезентацијата на Португалија.
За најдобра фудбалерка на Европа на минатата сезона избрана е Норвежанката Ада Хадерберг, која игра во Олимпик од Лион. Покрај неа, во конкуренција беа и Французинката Амадин Анри и Германката Џенифер Марожан.

Најнови вести