Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2016

Лига на Европа: Јунајтед со Фенербахче и Феенорд

По вчерашните реванши во плејофот, на денешната ждрепка одредени се групите во Лигата на Европа.

Најинтересна ќе биде групата А во која главен фаворит е англискиот гигант Манчестер јунајтед, а ќе игра против Фенербахче, Феенорд и Зорја од Украина.
„Ќе одиграме големи натпревари во Истанбул и во Ротердам, тоа е добро за нас“, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо.
Фудбалерите на Рома би требало да имаат лесна работа во групата Е со Викторија, Австрија Виена и Астар, а интересни ќе бидат и дуелите меѓу Шалке, Салцбург, Краснодар и Ница.
ПАОК е во групата Ј со Фиорентина, Слован и Карабак, а едно од дербијата во ова натпреварување ќе биде и дуелот на Интер со Саутхемптон во групата К.

Група А: Манчестер јунајтед, Фенербахче, Феенорд, Зорја
Група Б: Олимпијакос, АПОЕЛ, Јанг бојс, Астана
Група Ц: Андерлехт, Сент Етјен, Мајнц, Кабала
Група Д: Зенит, АЗ Алкмар, Макаби Тел Авив, Дандалк
Група Е: Викотрија, Рома, Австрија Виена, Астра
Група Ф: Атлетик Билбао, Генк, Рапид Виена, Сауоло
Група Г: Ајакс, Стандард Лиеж, Селта, Панатинаикос
Група Х: Шахтар Доњецк, Брага, Гент, Коњаспор
Група И: Шалке, Салцбург, Краснодар, Ница
Група Ј: Фиорентина, ПАОК, Слован Либерец, Карабак
Група К: Интер, Спарта, Саутхемптон, Хапоел Бер Шева
Група Л: ВИлјареал, Стеауа, Цирих, Османлиспор

Натпреварите во Лигата на Европа почнуваат на 15-ти септември, а финалето е закажано за 24 мај во Солна, предградие на шведската престолнина Стокхолм.

Најнови вести