27.8.2016 Заза е нов напаѓач на Вест хем
Славен Билиќ, тренерот на Вест хем, изјави дека во лондонскиот клуб ќе дојде италијанскиот центарфор и досегашен играч на Јувентус, Симоне Заза.
„Кога станува збор за ситуацијата со Заза, клубовите постигнаа договор. Условите со играчот исто така се договорени и тој доаѓа во Лондон... Веќе подолго време се обидувавме да доведеме врвен напаѓач и тој секогаш се споменуваше во таа приказна“, изјави Билиќ за британските медиуми.
Според наводите на медиумите, Вест хем за неговиот трансфер ќе плати 24 милиони фунти.
Симоне Заза, освен за Јувентус, во кариерата играше уште за: Сасуоло, Сампдорија и Аталанта.