Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2016

Агуеро обвинет за насилничко однесување

Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, е обвинет за насилничко однесување бидејќи со лакотот го удрил Винстон Рид, играчот на Вест хем.

Фудбалската асоцијација наведе дека судиите не забележале дека Агуеро го удрил Рид, но дека тоа е забележано од камерите.
Како што се наведува, на Агуеро му е даден рок до денес попладне да одговори на обвинението.
Аргентинскиот фудбалер со лакотот го удрил Рид во лице во 76-тата минута од натпреварот, кој Сити го доби со 3-1.
Доколку биде прогласен за виновен, Агуеро би можело да биде суспендиран на три натпревари, што значи дека би го пропуштил и дерби-натпреварот против Манчестер јунајтед на десетти септември.

 

Најнови вести