31.8.2016 Нов рекорд: Повеќе од милијарда фунти потрошени во Премиер лигата
Клубовите од Премиер лигата веќе потрошиле повеќе од една милијарда фунти во текот на летниот преоден рок.
Рекордот (870 милиони фунти) е соборен уште минатата недела, кога Манчестер сити го доведе Клаудио Браво од Барселона.
Цифрата од една милијарда фунти ја проби Арсенал, кога на Валеснија ѝ плати 35 милиони за Шкодран Мустафа.
Ова е четврто последователно лето во текот на кое клубовите во Премиер лигата соборуваат рекорд според бројот на потрошени пари.
На соборувањето на рекордот, секако, најмногу влијаеше трансферот на Пол Погба, кого Манчестер јунајтед го плати на Јувентус 89 милиони фунти.