Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2016

Алваро Арбелоа е нов играч на Вест хем

На последниот ден од преодниот рок, премиерлигашкиот клуб Вест хем го доведе шпанскиот искусен одбранбен фудбалер Алваро Арбелоа.

Шпанецот во Премиер лигата настапуваше за Ливерпул, а последните седум години беше играч на Реал од Мадрид, со кого освои многу титули. Тој потпиша едногодишен договор со „чеканите“ и на својот дрес ќе го носи бројот пет. Неговото искуство ќе донесе стабилност во одбраната на Вест хем.
Арбелоа беше поврзуван со трансфер во Милан, но сепак се реши да му се врати на англискиот фудбал.

 

Најнови вести