Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2016

Садио Мане ќе го пропушти натпреварот со Лестер?

Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, се повреди во текот на натпреварот меѓу репрезентациите на Сенегал и Намбија и во прашање е дали ќе биде подготвен за натпреварот со Лестер.

Репрезентацијата на Сенегал ја совлада Намбија со 2-0, а сенегалскиот репрезентативец во 66-тата минута го напушти натпреварот поради повреда на коленото.
Сè уште не е познато колку е тешка повредата, како и тоа дали Јирген Клоп ќе може да смета на него во сабота, кога „црвените“ на својот стадион ќе ги дочекаат „лисиците“, во четвртото коло на Премиер лигата.
Сенегалецот е во одлична форма на стартот на Премиер лигата, на дербито со Арсенал постигна погодок и одигра одлична партија во натпреварот со Тотенхем.
Поради повреда на рамото, го пропушти дуелот со Барнли, во кој тимот од „Мерсисајд“ изгуби со резултат 2-0.
Натпреварот меѓу Ливерпул и Лестер ќе биде одигран на 10-ти септември во 18.30 часот.

Најнови вести