Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2016

Ливерпул: Мане подготвен за Лестер

Садио Мане, напаѓачот на Ливерпул, не беше тешко повреден додека ги бранеше боите на Сенегал во квалификациите за Африканскиот куп на нациите, па ќе биде во конкуренција за составот на „црвените“ кога во сабота на „Енфилд роуд“ ќе гостува Лестер.

Дваесет и четиригодишниот Сенегалец беше заменет во победата на својата репрезентација од 2-0 над Намбија, но изјави дека е подготвен за дуелите во Премиер лигата.
„Сè е во ред. Вистина е дека добив удар во коленото, но не е ништо страшно. Тоа се случи уште во првото полувреме, но продолжив да играм. За мене најважно е што се вратив во процес на тренирање во Ливерпул, па можам во добра форма да го дочекам натпреварот со Лестер“, изјави Садио Мане за клупската интернет-страница.
Мане во летниот преоден рок од Саутхемптон направи трансфер во Ливерпул за 34 милиони фунти, со кого потпиша петгодишен договор. Беше и стрелец на одлучувачкиот гол во првиот официјален натпревар во новиот клуб, кога Ливерпул беше подобар од Арсенал (4-3).

Најнови вести