09.9.2016 ФИФА: Реал и Атлетико без трансфери до 2018 година
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид нема да може да регистрираат играчи во наредните два преодни рока откако ФИФА ги одби нивните жалби.
Клубовите во Мадрид беа казнети во јануари поради кршење на прописите коишто се однесуваат на заштита и трансфер на малолетници.
Атлетико е казнет и парично со 900.000, а Реал со 360.000 франци.
„Жалбениот комитет на ФИФА одлучи да ги одбие жалбите на шпанските клубови Атлетико и Реал Мадрид и да ја потврди првобитната одлука која ја донесе Дисциплинскиот комитет на ФИФА. Двата клуба имаат забрана за регистрирање играчи на национално и на интернационално ниво во наредните два преодни рока“, соопшти ФИФА.
Со истрагата се опфатени малолетниците коишто настапуваа во натпреварувањата за Атлетико од 2007 до 2014 година и за Реал меѓу 2005 и 2014 година.
ФИФА пред повеќе од една година на овој начин поради истиот проблем ја казни Барселона, која дури овој јануари доби право да регистрира нови играчи.