Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2016

Нов пораз од Велика Британија, без шанси за нов Евробаскет

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше поразена со 89:62 во клучниот натпревар против Велика Британија.

На едно коло пред крајот, македонската репрезентација ги загуби сите шанси за да се пласира на Европското првенство.
Македонските кошаркари одеа на победа во средбата против Велика Британија, но претрпеа уште поубледлив пораз од тој на гостински терен.  Во првите минути од средбата, Македонија поведе со 5-0, но Британците брзо се вратија, направија целосен пресврт и го контролираа натпреварот до самиот крај.
Нашите репрезентативци добро одиграа во третата четвртина, со надеж дека ќе можат да победат, но во последниот дел беа очајни, постигнаа само девет поени и на крајот беа поразени со 89:62.
Најефикасни играчи во нашата репрезентација беа Николовски со 17 и Војдан Стојановски со 15 поени.
До крајот на квалификациите ни останува уште средбата во гости кај Унгарија, која нема да влијае врз резултатот бидејќи сите шанси за второто место се изгубени со поразот од Велика Британија.

Најнови вести