Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2016

Оскар и Тијаго Силва назад во „селесао“

Селекторот на Бразил Леонардо Тите ги врати во тимот Оскар и Тиаго Силва за натпреварите од квалификациите за Светското првенство во Русија.

Поранешниот селектор на „селесао“ Дунга откако ја презема екипата по дебаклот во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година и поразот од Германија од 7-1 долго не ги повика фудбалерите на Челзи и на ПСЖ.
Тите е селектор на Бразил од крајот на јуни, а вчера го соопшти списокот за натпреварите против Боливија на 6-ти октомври и Венецуела пет дена подоцна.
Тој го врати и фудбалерот на Баерн Минхен Даглас Коста, а на списокот се и Дани Алвеш, Фернандињо, Филипе Кутињо, Вилијан, Нејмар и Роберто Фирмињо.
„Ова е балансиран список за разлика од претходниот. Сега не нè поремети почетокот на натпреварите во европските лиги“, изјави Тите.
Бразил е втор на табелата во јужноамериканските квалификации со 15 бодови, еден помалку од Уругвај.

Најнови вести