19.9.2016 Деле Али продолжува со Тотенхем до 2022 година
Деле Али е еден од играчите врз кого Тотенхем ќе ја гради својата иднина, за што зборува и најновиот потег на управата на премиерлигашкиот клуб.
Клубот од „Вајт харт лејн“ денес потпиша нов договор со талентираниот играч за врска, кој ќе трае сè до 2022 година.
Али во Тотенхем стигна во 2015 година од МК Донс и уште во првата сезона стана еден од најдобрите играчи на екипата, постигнувајќи десет погодоци во Премиер лигата.
„Не се чувствувам веќе млад, мислам дека сум подготвен за пензија! Не, се шегувам, среќен сум што сум овде, не можам да си замислам подобро место за себе, поради навивачите, менаџерот и младиот тим што го поседуваме. Навистина вистинското место“, изјави Али по продолжувањето на соработката.