Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2016

Тренер отпуштен два пати за една седмица

Хосе Сатурнино Кардозо е отпуштен од страна на мексиканскиот клуб Чијапас два пати во последните седум дена.

Несекојдневен развој на ситуацијата во Мексико. Во клубот Чијапас имаше многу превирања, Парагваецот Хосе Сатурнино Кардозо прво во минатиот понеделник доби отказ од страна на управата поради лошите резултати на почетокот на шампионатот.
Екипата во девет натпревари седум пати беше поразена и управата имаше логика да го направи таквиот потег.
Потоа играчите упатија протест, па Кардозо остана тренер на екипата, но само до вчера, бидејќи повторно беа поразени.
На негово место е именува Серхио Буено, кој по трет пат во својата кариера ќе го предводи овој тим.

 

Најнови вести