Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Срна од јануари на „Камп ноу“

Хрватскиот играч за врска Дарио Срна во јануари следната година ќе направи трансфер од Шахтар во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Срна има 34 години, во Шахтар е од 2003, па има статус легенда во клубот од Донецк.
Хрватскиот бек на „Камп ноу“ би требало да го замени Алеиш Видал, кој не ги исполни очекувањата на десната страна на одбраната по заминувањето на Дани Алвес во Јувентус ова лето.
Луис Енрике моментно на позицијата десен бек предност му дава на Серхи Роберто, кој е играч за врска, а Срна со своето искуство и квалитет би бил идеално решение во борбата на повеќе фронтови.

Најнови вести