Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Куртуа: Сакам да се вратам во Мадрид

Тибо Куртуа, голманот на Челзи и на репрезентацијата на Белгија, изјави дека му недостига Мадрид и дека едвај чека да го напушти Лондон.

Тој во интервју за „Марка“ изјави дека првите месеци по доаѓањето на Островот бил во депресија.
„Атлетико е вистински семеен клуб, би сакал да се вратам. Но, не само заради Атлетико, ми недостасува Мадрид, Шпанија, шпанската храна. Во Лондон јадам шпанска храна, гледам шпански филмови. Реал? Многу го почитувам тој клуб, им благодарам на пораките за поддршка додека имав повреда на коленото“, изјави Куртуа.
Тој кариерата ја почна во Генк, а од 2011 до 2014 година играше на заем во Челзи, бранеше за Атлетико и учествуваше во освојувањето на: Примера лигата, Лигата на Европа, Кралскиот куп, Суперкупот на Европа и пласманот во финалето на Лигата на шампионите.
Претходно, титулата ја освои со Генк во 2011, а потоа и со Челзи во 2015 година.
На голот на Белгија бранеше 39 пати.

Најнови вести