Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Шок за Тотенхем, без најдобриот во клучните натпревари

Менаџерот Покетино ќе мора да се прилагоди, повредата на Кејн се случи во најлошо време.

Хари Кејн по репрезентативната пауза влезе во форма, постигна два гола на два натпревари, но се повреди, при што го реши натпреварот против Сандерленд.
Во прашање е зглобот, за среќа, не ги скинал лигаментите, но повредата е сериозна и тој би можело, според процената на лекарите, да отсуствува од шест до осум седмици.
Тоа е голем удар за Маурисио Покетино, во тој период Тотенхем ќе игра против Лестер, Манчестер сити и на почетокот на ноември против Арсенал, а Кејн ќе пропушти неколку натпревари во Лигата на шампионите.
За разлика од минатата сезона, Тотенхем му доведе алтернатива, Винсент Јансен, најдобриот стрелец на Холандија, но тој, пак, има проблеми со адаптирањето и сè уште не постигнал погодок.
Во клубот се надеваат дека англискиот репрезентативец ќе се врати побрзо на теренот отколку што очекуваат лекарите, но без сомнение дека нема да се ризикува со прерано враќање и нова повреда.

Најнови вести