Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Лига куп: Челзи по пресврт подобар од Лестер, сигурни Ливерпул и Арсенал

Вчера на програмата беа осум дуели од третата рунда на англискиот Лига куп, дерби беше играно во Лестер, додека Ливерпул и Арсенал имаа лесна работа со тимовите од Шампионат лигата.

На стадионот „Кинг пауер“, во дуелот на двата последни шампиони на Англија, Челзи по продолженијата го елиминира Лестер со резултат 4-2. Резултатот во регуларниот дел беше 2-2, а „сините“ успеаја да го надополнат заостанувањето од два гола и благодарение на погодоците на Сеск Фабрегас во првото продолжение, триумфираа и се пласираа понатаму.
Арсенал убедливо славеше во гости против Нотингам форест (4-0). Двократен стрелец беше Лукас Перез, а по еден гол постигнаа Гранит Џака и Алекс Окслејд-Чемберлен.
Ливерпул го доби Дерби со резултат 3-0, со головите на новакот Клаван, Филипе Кутињо и Дивок Ориги.
Од Лига купот е елиминиран Евертон, кој на „Гудисон парк“ изгуби од Норвич со 0-2.
Денес на програмата се уште осум дуели, интересно ќе биде гостувањето на Манчестер сити во Свонси, Манчестер јунајтед игра во Нортхемптон, а Саутхемптон и Кристал палас играат премиерлигашко дерби.

Најнови вести