Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Прв отказ во Шпанија: Валенсија го отпушти Ајестаран

Раководството на Валенсија го смени тренерот Пако Ајестаран по катастрофалниот старт во првенството на Шпанија.

„Лилјаците“ не освоија ниту еден бод во првите четири кола во Примера лигата и стручњакот кој кон крајот на март на клупата го наследи Гери Невил ја плати сметката за лошите резултати.
Педесет и тригодишниот Ајестаран е прв тренер кој доби отказ во шпанскиот шампионат оваа сезона.
За вршител на должноста тренер е именуван Салвадор Гонзалес Марко, соопштено е на интернет-страницата на клубот.
Шпанските медиуми наведуваат дека прв пик на управата е неодамнешниот тренер на Вилјареал, Марселино, кој е без ангажман од крајот на август, а претходно со многу успех ја предводеше „жолтата подморница“.
Валенсија утре од 22 часот на „Месталја“ го дочекува Алавес во вонредното петто коло на Примера лигата.

Најнови вести