Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Мурињо ќе понуди 50 милиони евра за Рамос

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, подготвил 42 милиони фунти (50 милиони евра) за трансфер на Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, во јануари следната година.

Како што се наведува, Мурињо по трите последователни порази, е свесен дека мора да ја засили одбраната и изборот падна на 30-годишниот репрезентативец со кого соработуваше додека го водеше Реал.
Во тој случај, Рамос ќе стане трет најскап дефанзивен играч во историјата, по Давид Луиз и Џон Стоунс.
Тој во Реал стигна во 2005 година од Севилја и освои 12 трофеи, вклучувајќи ги и двата во Лигата на шампионите и трите во Примера лигата.
Со селекцијата на Шпанија, со која одигра 138 натпревари, беше светски шампион во 2010 и шампион на Европа во 2012 година.

Најнови вести