Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Македонија во претквалификациите за СП во кошарка 2019

ФИБА соопшти дека Македонија ќе игра претквалификации за Светското првенство 2019 година, а со тоа се стави крај на шпекулациите дека може да испадне во Дивизија Б.

Во квалификациите за Европското првенство македонската селекција одигра катастрофално, победа извојува само против аутсајдерот Луксембург, па поради тоа се шпекулираше дека ќе испадне во Дивизија Б, но засега тоа нема да се случи.
ФИБА денес соопшти дека шеснаесетте селекции што не изборија пласман на Европското првенство, следното лето ќе играат претквалификации, а најдобрите осум репрезентации ќе настапат во квалификациите за пласман на Светското првенство 2019 година. Претквалификациските натпревари ќе се играат меѓу втори и 19-ти август следната година.
Покрај македонската селекција, претквалификациски натпревари ќе играат: Швајцарија, Кипар, Холандија, Австрија, Данска, Босна и Херцеговина, Шведска, Естонија, Белорусија, Португалија, Бугарија, Косово, Словачка, Албанија и Луксембург.

Најнови вести