22.9.2016 Лига куп: Мурињо против Гвардиола, Ливерпул против Тотенхем
Четвртото коло од Лига купот ќе донесе неколку дерби-натпревари, а во центарот на вниманието ќе биде средбата меѓу ривалите од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Двата тима без поголеми проблеми ги поминаа Нортхемптон и Свонси во третата рунда, а неодамна имаа средба во Премиер лигата, во која „граѓаните“ славеа на „Олд Трафорд“ со 2-1.
Новото дерби на Манчестер на програмата е на истото место на 24-ти октомври, кога интересен ќе биде и дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем на „Енфилд роуд“.
Во четвртото коло од Лига купот се игра уште едно градско дерби, Челзи ќе гостува кај Вест хем, додека Арсенал ќе ја дочека екипата на Ридинг.
Њукасл ќе се сретне со Престон, Саутхемтон со Сандерленд, Норвич гостува кај Лидс, а Хал кај Бристол сити.
Лига куп, четврто коло:
Вест хем – Челзи
Манчестер јунајтед – Манчестер сити
Арсенал – Ридинг
Ливерпул – Тотенхем
Бристол сити – Хал
Лидс – Норвич
Њукасл – Престон
Саутхемптон – Сандерленд