Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2016

Барѕалји: Поразот од Интер ни ги отвори очите

Андреа Барѕалји, фудбалерот на Јувентус, изјави дека исклучително е важно што „старата дама“ убедливо го совлада Калјари (4-0) по поразот од Интер минатиот викенд.

„Беше многу важно да реагираме по тој пораз, бевме агресивни и со желба за играње, можеби тоа ни недостасуваше против Интер. Испративме порака, дел и на самите себе,покажавме дека ќе вроди со плод ако се бориме. А ако нешто земеме здраво за готово, нема да добиеме ништо“, изјави Барѕалји.
„Натпреварот во неделата ни ги отвори очите, реагиравме како група. Знаеме дека во Италија тимот со најдобра одбрана обично победува, ние бевме тој тим во последните пет години и сакаме да продолжиме да бидеме тоа. На крајот на првото полувреме главно ни беше да не примиме гол“, додаде 35-годишниот фудбалер.
Јувентус е прв на табелата со 12 бодови, а во наредната рунда ќе игра на гости кај Палермо во сабота.

Најнови вести