Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2016

Мурињо: Фудбалот е полн со Ајнштајни

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, ги нападна критичарите по победата на својот тим против Нортхемптон во англискиот Лига куп (3-1).

Португалецот најпрво го пофали учинокот на фудбалерите, а потоа ги коментираше бројните критики коишто следуваа по трите последователни порази на „црвените ѓаволи“.
„Фудбалот е полн со Ајнштајни. Познавам некои Ајнштајни коишто се обидоа да ја избришат мојата кариера од 16 години“, изјави Португалецот.
Трофејниот тренер додаде дека не е само тој жртва на болните напади, туку и екипата која ја води.
„Тие се обидоа да ја избришат неверојатната историја на Манчестер јунајтед потенцирајќи ја лошата седмица и трите лоши резултати. Но тоа е модерниот фудбал, со многу Ајнштајни“, додаде Мурињо.
Јунајтед во сабота, од 13.30 часот, во шестото коло на Премиер лигата го дочекува шампионот Лестер.

Најнови вести