Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2016

Левандовски: Не се сомневам во продолжувањето на договорот

Роберт Левандовски изјави дека ќе остане во Баерн од Минхен, со кого преговара за нов договор.

Германските медиуми последните дена шпекулираат дека Полјакот ќе стане најплатениот фудбалер на Бундеслигата со годишна плата од 15 милиони евра за договор до летото 2021 година.
Управата на Баерн не сака да го пушти својот најдобар стрелец, а „Билд“ пренесе дека таа е спремна на Леванадоски да му понуди подобри услови за да го продолжи договорот кој истекува во 2019 година.
Наводно, Баерн сака да ја продолжи соработката со Левандовски до 2021 година и да му понуди плата која би била поголема и од примањата на најплатениот играч на Баерн, Томас Милер, кој заработува 12 милиони фунти годишно.
„Повеќе пати сум рекол и повторувам дека ние ќе најдеме решение со Баерн. Не се сомневам дека ќе го продолжам договорот со клубот“, изјави 28-годишниот Левандовски.
Левандовски во Баерн стигна во 2014 година од Борусија Дортмунд, а оваа година постигна пет гола на четири натпревари.
Изминатите години се шпекулираше дека него сака да го доведе Реал Мадрид.

Најнови вести