Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2016

Шмајхел неизвесен за гостувањето во Манчестер

Лестер утре ќе гостува кај Манчестер јунајтед, а „лисиците“ по вчерашниот тренинг имаат дополнителна причина за загриженост.

Каспер Шмајхел тренингот го напушти порано откако се пожали на воспаление на мускулите.
Голманот на актуелниот шампион на Англија закрепна по операцијата од кила, која му беше извршена во текот на репрезентативната пауза на почетокот на месецот, но изгледа дека повредата од тренингот не е поврзана со таа операција.
Клаудио Раниери по тренингот даде изјава за новинарите во врска со тоа што се случило.
„Каспер е добро. Почувствува блага болка во мускулите во текот на тренингот. Ќе видиме денес што ќе се случува. Ми рече ’ме боли нешто овде’ и јас му реков во ред. Не сум никаков доктор, но мислам дека нема врска со операцијата. Ќе видиме денес. Ако биде добро, ќе игра, ако не, ќе остане дома кога ќе отпатуваме во Манчестер“, изјави Раниери.

Најнови вести