Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2016

Компани повторно повреден

Винсан Компани, капитенот на Манчестер сити, се соочува со нова пауза поради повреда.

Компани на првиот натпревар откако се врати по повеќе од четири месеци пауза почувствува болка во препоните, соопшти вчера англискиот фудбалски клуб.
Белгиецот во средата, на натпреварот меѓу Манчестер сити и Свонси во Лига купот почувствува болка во препоните, па го напушти теренот само неколку минути пред крајот на средбата.
Сити соопшти дека е неизвесно кога Компани  ќе заигра повторно.
Добра вест за Компани е тоа што оваа повреда не е поврзана со повредата на листот, поради која пропушти добар дел од претходната сезона.

Најнови вести