Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2016

Тешко без Ибрахимовиќ, нов пораз на ПСЖ

Актуелниот шампион на Франција имаше големи проблеми во Тулуз, домашниот тим ги покажа своите големи амбиции во оваа сезона, дојде до второто место на табелата (зад Ница) по победата над ривалот од главниот град со 2-0.

Клучниот детаљ од овој натпревар е вториот жолт картон на Серж Орие. Бодигер го искористи пеналот во 48-мата минута, а потоа ПСЖ имаше неколку опасни напади, но без промена на резултатот.
Во 79-тата минута Дурмаз го постави конечниот резултат и со тоа го испрати ПСЖ на третата позиција по седум одиграни натпревари, а постои можност шампионот уште да падне кога ќе се одигра комплетно колото.
Вистински трагичар на овој натпревар е Единсон Кавани, кој не погоди зицер во првото полувреме, кога само од неколку метри го погоди седумнаесетгодишниот голман Лафонт.

Најнови вести