Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2016

250-ти гол на Тоти во Калчо

Франческо Тоти, легендарниот фудбалер и икона на Рим, вчера го постигна 250-тиот погодок во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

На вечната листа на најдобрите стрелци на Калчо лигата Тоти се закотви на втората позиција, зад и понатаму неприкосновениот Силвио Пиола, кој има постигнато 275 првенствени голови.
Екипата на Лучијано Спалети изгуби во седмото коло на Серија А со резултат од 3-1 и на табелата се наоѓа на четвртото место, со пет бодови помалку од лидерот Јувентус.
Тоти натпреварот го почна од клупата, а Спалети го воведе на полувремето на местото на заменикот на капитенот Де Роси. Иконата на „волчицата“ беше единствениот стрелец на натпреварот со Торино, и тоа со голот од пенал на почетокот на второто полувреме.
Тоа беше 250-тиот гол во кариерата на Принцот од Рим, кој својата кариера во дресот на „волчицата“ ја почна пред 23 години, кога како шеснаесетгодишен дебитираше на натпреварот против Бреша.

 

Најнови вести