Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2016

Тоти полни 40 години: Неверојатни бројки на Принцот на Рома

Легендата на Рома Франческо Тоти денес го прослави 40-тиот роденден, а како што се ближи крајот на неговата неверојатна кариера, време е за потсетување на бројките и рекордите на популарниот Принц на Рим.

250 – бројот на головите коишто Тоти ги постигна во Серија А. Само Силвио Пиола имаше повеќе (274).
23 – број на последователни сезони во коишто Тоти беше стрелец.
113 – бројот на играчи кои моментно играат во Серија А, а кои не ни биле родени кога Тоти дебитираше за Рома во 1993 година.
25 – толку сезони Тоти игра прволигашки фудбал, во што успеал единствено уште Паоло Малдини.
605 – бројот на настапи на Тоти во Серија А. Само Малдини и Занети имаат повеќе.
26 – негова најефикасна сезона беше 2006/07, кога постигна 26 голови.
38 години 59 дена – Тоти е најстариот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, овој рекорд го постави на натпреварот со Манчестер сити.
38 – бројот на клубови против кои Тоти постигна гол во Серија А.
1 – титула во Скудетото, а дури осум пати беше вицешампион.

Најнови вести