Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2016

Баерн: Шансите мора да се користат против Атлетико

Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, не беше премногу вознемирен по поразот во Мадрид.

Атлетико во дербито на вечерта во Лигата на шампионите го победи Баерн со 1-0, а „баварците“ пропуштија неколку одлични шанси.
„Никогаш не е убаво да се изгуби. Мораме да го анализираме натпреварот и да гледаме напред. Сè уште можеме да бидеме први во групата“, изјави Карло Анчелоти, тренерот на Баерн.
Голманот Мануел Нојер изјави пофални зборови за Атлетико.
„Атлетико покажа убиствен инстинкт вечерва, а ние не. Ќе имаме уште една шанса да ги победиме во Минхен“, изјави Нојер по натпреварот.
Арјен Робен даде коментар за пропуштените шанси.
„Бевме агресивни, создававме шанси, но морате да ги користите во ваквите натпревари. Мораме да извлечеме поука од овој натпревар“, изјави Робен.

Најнови вести