Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2016

Де Бур: Не е лесно да се замени Манчини

Франк де Бур, тренерот на Интер, изјави дека не му било лесно на тоа место да го замени Роберто Манчини.

„Италија беше светски шампион во 2006 година, а тие одлучија да доведат тренер од Холандија. Секако, не можев да влезам како слон во стакларска работилница, како Холанѓанец кој објаснува како се прават работите“, изјави Де Бур за италијанските медиуми.
„Затоа одам чекор по чекор. Не беше лесно да се дојде и да се заземе местото на италијанскиот тренер“, додаде Холанѓанецот.
Тренерот изјави дека притисокот е голем, но и дека има многу позитивни работи.
„Овде сте под многу голем притисок, сите ве гледаат со отворени усти. Овде имаме вистински победници, коишто не морам да ги терам да прават некои работи, како што беше во Ајакс. Овде обичната партија ракомет е задоволство, додека таму претставуваше пречка“, изјави Де Бур.

 

Најнови вести