30.9.2016 Атлетико без Годин против Валенсија
Диего Годин, стоперот на Атлетико Мадрид, се повреди на натпреварот против Баерн од Минхен во Лигата на шампионите и веројатно ќе го пропушти натпреварот против Валенсија.
Годин ги истегна лигаментите на левиот глужд, а Атлетико соопшти дека Уругваецот ќе мора да оди на дополнителни прегледи.
„Првите прегледи покажаа дека Годин истегнал лигамент на глуждот на левата нога. Дополнителните прегледи ќе му бидат направени во наредните неколку часа“, се наведува во соопштението на мадридскиот клуб.
Атлетико го победи Баерн од Минхен со 1-0 во натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите.
Во наредното коло на шпанската Примера лига клубот од Мадрид гостува кај Валенсија.
Тој натпревар на програмата е во недела, од 12 часот.