Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2016

Голем проблем за одбраната на Баерн

Хави Мартинес, дефанзивниот играч на Баерн од Минхен, ќе мора да паузира некое време поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Сè уште не се знае колку долго ќе отсуствува Шпанецот, но сигурно е дека ќе ги пропушти натпреварите на селекцијата на Шпанија против Италија и Албанија.
Оваа вест ја потврди и Фудбалската федерација на Шпанија, со напомена дека Мартинес повредата на задниот дел на бутниот мускул ја доживеал на последниот натпревар со Келн.
Покрај него, надвор од редовите на Баерн Минхен повторно е и Арјен Робен.

Најнови вести